Челзи се подготвува за нов летен шопинг иако лани клубот од Лондон потроши повеќе од 250 милиони евра за засилувања. Томас Тухел речиси да има состав со кој во следната сезона ќе ја напаѓа титулата во Премиер лигата, а она што му недостасува е врвен напаѓач.
За да добие голгетер од светски калибар, германскиот стратег прво ќе треба да направи чистка меѓу Сините, а англиските медиуми тврдат дека дури 12 играчи се ставени на продажба, а парите од нивните заминувања ќе се наметнат првично за ангажман на Ерлинг Халанд, кој е прв на листата желби кај Тухел.
Имено, Челзи ќе се ослободува од неколку играчи кои моментално се на позајмици, а воедно имаат високи плати. Тоа се Запакоста, Бакајоко, Батчуаји, Фикајо Томори, додека најголем профит се очекува од заминувањето на Тами Абрахам, чија цена е 40 милиони фунти, а заинтересирани за него се Вест хем и Милан.
Доколку Челзи не успее да го ангажира Халанд, Тухел има план Б, но и тој е тешко остварлив. Се следи ситуацијата со Роберт Левандовски, кој наводно е подготвен да го напушти Баерн, а исто така се споменува името на Ромелу Лукаку, но Белгиецот тешко дека ќе го напушти Интер бидејќи не сака да се врати во Премиер лигата.