Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, ќе смета на Килијан Мбапе од првата минута во полуфиналната средба против Лајпциг. Брзоногиот Французин чекаше шанса од клупата во победата над Аталанта и ја доби во вториот дел, при што помогна во пресвртот од 2-1.
Повредата на глуждот му правеше проблеми во пресрет на настапот на Светците во Лигата на шампионите, но за утре дефинитивно е подготвен да стартува од првата минута во клучниот дуел против Црвените бикови.
Во ПСЖ исто така се оптимисти дека и Марко Верати ќе конкурира за настап откако италијанскиот играч за врска го пропушти четвртфиналето против Аталанта.