Томас Тухел денеска го одржа својот прв тренинг како нов тренер на Баерн Минхен. Иако го немаше целиот тим на располагање бидејќи многумина од играчите се со своите репрезентации, сепак Тухел имаше можност првично да се запознае со можностите на некои од фудбалерите.
Тухел некои од играчите на Баерн добро ги познава, а најдобро го знае камерунскиот напаѓач Ерик Максим Шупо-Мотинг.
Тухел во минатото му беше тренер на Шупо-Мотинг и во Мајнц и Пари Сен Жермен, па сега и во трет различен клуб се заедно. Шупо има одлична голгетерска сезона, и на дербито в недела против Борусија ќе даде максимум да ја оправда довербата која во него ја има Тухел.