Тухел само со еден совет за играчите на Баерн: Се надевам дека нема да претераат со пиење пиво

Баерн Минхен вечерва стартува во Купот на Германија и во првото коло игра на гости. Најтрофејниот германски клуб гостува во Мунстер, кај екипата која е дел од третата лига. Пред девет години Баерн гостуваше кај овој ист ривал во Купот и тогаш победи убедливо со 4:1, а и сега се очекува сличен епилог.

Тренерот на германскиот првак Томас Тухел не е многу загрижен за тоа дали неговите избраници ќе победат, а единствениот совет кој им го даде во пресрет на овој дуел е фудбалерите да не пијат многу пиво на Октоберфест, најпознатиот фестивал за пивото кој се одржува во Минхен.

„Не ги потценуваме нашите противници. Ќе играме како што сакаме да игра Баерн Минхен. Сакаме во Купот да стигнеме до финалето. За да го направиме тоа, треба да ги победиме нашите противници. Претпоставувам дека никој не претера со пивото на Октоберфест. Доколку сè оди според планот, Даниел Перец ќе стартува на голот. Рафаел Гереиро треба да се врати во составот. Матијас де Лигт, за жал, е надвор од теренот. Мора да видиме каква ќе биде ситуацијата со Дајо Упамекано и Мин-Јае Ким“, рече Тухел во пресрет на денешниот меч.

- Оглас -

Најнови вести