Тухел со жестока казна поради коментарите дадени по мечот со Тотенхем

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, е казнет со 20.000 фунти за коментарите кои ги искажа по лондонското дерби против Тотенхем, коешто заврши 2:2. Тухел беше револтиран од судењето на арбитерот Ентони Тејлор и побара овој човек веќе да не биде делегиран на натпревари на Челзи.

„Тренерот призна дека однесувањето не му било пристојно“, констатира Комисијата која го казни Тухел со 20.000 фунти.

Тренерот на Челзи на тој меч заработи и црвен картон поради конфликтот во кој влезе со колегата Антонио Конте. Германецот доби црвен картон поради кој заработи еден меч суспензија и парична казна од 35.000 фунти.

Судијата во ВАР-собата на тој меч беше Мајк Дин, кој подоцна призна дека можеби требало да му сигнализира на неговиот колега Тејлор да ја погледне снимката околу ситуацијата во која Тотенхем го постигна вториот гол затоа што претходно јасно се виде дека Ромеро за коса го потегна Кукурелја.

- Оглас -

Најнови вести