Англија има перфектни квалификации за пласман на СП 2026, па јасно е зошто веќе го има обезбедено настапот на Мундијалот. Гордиот Албион во шест меча има исто толку победи и гол-разлика дури од 18 дадени и ниту еден примен гол.
Во една перфектна низа Англија вечерва на „Вембли“ ја пречекува Србија во меч на кој гостите ќе бараат „сламка за спас“ и надеж дека може да останат во трка за пласман на планетарниот собир.
Иако е сигурно, селекторот на Англија, Томас Тухел, најавува максимална игра на неговите избраници. Германскиот стратег посебно потенцира дека Србија сега има нов селектор, Вељко Пауновиќ, кој е многу добро познат и заслужува голем респект.
„Патриотскиот тим сега го води селектор со сериозно педигре. Со репрезентацијата до 20 години беше светски првак. Водеше сериозни клубови, а сега работи во шпанското првенство. Затоа го има целото почитување од наша страна. Погледнете во кои клубови играат репрезентативците на Србија и ќе ви биде јасно. Во Белград победивме со 5:0, но тој меч воопшто не беше лесен. Секако дека сакаме и сега да победиме на наш терен“, потенцира Тухел.

