22.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Тухел вели дека Реал има една голема предност во однос на Челзи, во Атлетико веруваат дека ќе смислат план за елиминација на Сити

Во четвртфиналето на Лигата на шампиони ќе има два шпанско-англиски дуели кои се повеќе од привлечни. Актуелниот европски првак Челзи ќе игра против најтрофејниот во елитното натпреварување, Реал Мадрид, додека Манчестер сити, кој е еден од главните фаворити за трофејот, ќе игра двомеч со Атлетико Мадрид.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел, вели дека најголем недостаток за неговиот тим е што дуелот на „Стемфорд бриџ“ ќе се игра без гледачи поради санкциите што лондонскиот клуб ги трпи поради газдата Роман Абрамович.

„Не можевме да добиеме поголем предизвик. Знаеме дека ќе биде тешко, но подготвени сме за предизвикот. Реваншот ќе го играме на „Сантијаго Бернабеу“, каде што Реал има огромна помош од навивачите. Ваквите мечеви се играат за публика и самото присуство на фановите прави мечот да е подобар. Се надевам дека ќе добиеме шанса да играме пред нашите навивачи, инаку ќе бидеме во подредена положба во однос на Реал Мадрид“, рече Тухел.

КОКЕ: СИМЕОНЕ ЌЕ СМИСЛИ ТАКТИКА И ЗА СИТИ

Атлетико Мадрид го елиминира Манчестер јунајтед, и тоа со победа на „Олд Трафорд“, а сега за ривал го доби и Манчестер сити. Капитенот на Јорганџиите, Коке, е убеден дека тренерот на Атлетио, Диего Симеоне, ќе направи игра со која мадриѓаните ќе се пласираат во полуфиналето.

„Сити е еден од фаворитите за титула во ЛШ. Минатата сезона играше во финалето. Има одличен тренер и одлични фудбалери, а играат и супер фудбал. Тоа е дополнителен предизвик за нас. Сигурен сум дека нашиот тренер ќе направи план, како да се справиме. Прво играме во Манчестер, а потоа пред нашите фанови во Мадрид“, оптимистички најавува Коке.

Четвртфиналните двојки од Лигата на шампиони може да ги видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести