Тухел во Мадрид ќе пазари нов стопер

Рафаел Варан се најде на врвот на листата потенцијални нови засилувања на Челзи кога во прашање е одбраната, јавуваат повеќе англиски медиуми. Дефанзивецот на Реал Мадрид е она што на Томас Тухел му е потребно за да го состави тимот со кој ќе ја напаѓа титулата во Премиер лигата.

Сините по успехот во Лигата на шампионите дефинитивно нема да штедат средства за време на летниот преоден рок, потврда за тоа е самиот атак на потписот на Варан кој може да чини до 60 милиони евра. Сепак, лондончани ќе имаат конкуренција од ПСЖ и Манчестер јунајтед, кои исто така се загреани за Варан.

Французинот моментално е со репрезентацијата на Франција и се подготвува за ЕП, а по крајот на првенството може да му заврши 10-годишната кариера со Кралевите. Договорот му важи до јуни 2022 година и нема најави дека соработката ќе биде продолжена, па Реал ќе биде приморан да го продаде со цел да заработи.

- Оглас -

Најнови вести