Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, направи интересна споредба помеѓу неговата работа во лондонските Сини и неговиот претходен клуб, Пари Сен Жермен. Германецот вели дека во ПСЖ многу повеќе се занимавал со семејствата и пријателите на ѕвездите во тимот, отколку со вистинска тренерска работа.
„Челзи и ПСЖ се спротивни клубови во однос на организацијата. Во Париз повеќе бев како министер за спорт, се занимавав со семејства и пријатели на ѕвезди, отколку со тренерска работа. Полесно е да се тренира Лукаку, отколку Мбапе и Нејмар“ – изјави Тухел кој од јануари годинава е на клупата на Челзи, а од 2018 до 2020 беше во ПСЖ.