Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, лично работи на носењето на дефанзивецот на Барселона на „Алијанц арена“, Роналд Араухо, објави германски Скај.
Според Скај, Тухел заедно со спортскиот директор на Баерн Минхен, Кристоф Фројнд, телефонски разговарале со Араухо и му порачале дека се заинтересирани да потпишат со него уште во зимскиот преоден рок.
Тухел по убедливиот пораз на Баерн од Ајнтрахт од 5:1, беше запрашан од новинарите да даде коментар за евентуалниот трансфер на Араухо, но тренерот одби да зборува.
„Нема да коментирам ништо. Јас зборувам само за фудбалерите на Баерн“, рече Тухел.
Вредноста на Роналд Араухо се проценува на 70 милиони евра и според Скај, Баерн е подготвен во зимскиот преоден рок да ја понуди оваа сума на Барселона.