По замрзнувањето на фудбалот во Европа, речиси никаде веќе не се игра, ниту на континентите во Јужна и Северна Америка. Поголем дел од Азија веќе подолго време е без фудбал, па малку се местата на кои може без страв од Коронавирусот да се тркала фудбалската топка.
Едно од местата кои засега не се под опасност од Коронавирусот е Гренланд. Најголемиот остров во светот географски припаѓа на Северна Америка и засега нема голема опасност од смртоносниот вирус. Кекертарсуак е гратче кое на последниот попис имало само 853 жители.
Главна причина поради која има мал број жители во ова место е ладното време. И покрај малиот број жители и ладното време, Кекертарсуак може да се пофали со фудбалски терен. Во моментов таму нема опасност од Коронавирусот, но ретко кој би се осмелил да игра фудбал на денешните минус 16 степени во ова мало место на Гренланд. Сепак, вреди да се види фудбалското игралиште и погледот кој може да го добиете на него.