Суспензијата на Пол Погба е намалена од четири години на 18 месеци, па фудбалерот веќе во март ќе може да се врати на фудбалските терени. Тој е под договор со Јувентус до 2026-тата година, но во моментов е речиси невозможно дека тој ќе продолжи да игра за „старата дама“.
Јувентус после објавувањето на позитивниот допинг тест веднаш го суспендираше, а сега со помош за францускиот интернационалец се јави неговиот сонародник, Патрис Евра, кој веќе му најде клуб.
Евра го контактирал Мехди Бенатија, кој му ветил дека вратата на Олимпик Марсеј за Пол Погба се отворени и ветил дека ќе го контактира. Тоа значи и дека после суспензијата Погба ќе настапува за клуб од топ-5 лигите во Европа, иако веќе од сега за него има интерес од САД и Саудиска Арабија.