Тулуз за ПСЖ е рутина, без разлика дали игра Нејмар

ПСЖ се врати на победнички патеки со убедливите 4-0 против Тулуз во мечот од третото коло во француската Лига 1. Актуелниот бранител на тронот се снајде на теренот и без првата ѕвезда Нејмар, кој остана на трибините и вечерва очекувајќи да се заврши неговата трансфер -апуница.

Вечерашниот триумф против Тулуз, за ПЖС е петти последователен во првенството во изминативе две сезони, така што на „Паркот на принцовите“ и се очекуваше ваков исход.

Тухел наиде на проблеми во воведните минути откако Кавани мораше да излезе од игра поради повреда. Сепак, замената за Уругваецот, Чупо-Мотинг одговори со два гола со кои ПСЖ дојде на чекор од трите бода. На гостите воопшто не им помогна автоголот на Гонкалвес, додека конечниот резултат го постави Маркињос во 83-тата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=wnS1PB0P3uI

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести