Тунис подобар од Мароко, задутре играме меч против Тунижаните за прво место во групата

Тунис го победи Мароко со 30-25 во меч од „Президент купот“ на Светското првенство во ракомет, и тоа значи дека в сабота од 18, македонската селекција против Тунис ќе има прилика со победа да си го обезбеди првото место во групата, и да игра финале во утешниот Президент куп, што би значело 25-то или 26-то место на конечната табела меѓу 32 тима на СП во Шведска и Полска.

Рзиг со 8 гола беше најдобар кај Тунис, а Тунижаните победата над Мароко ја обезбедија во второто полувреме, откако по 30 минути игра беше нерешено.

- Оглас -

Најнови вести