21.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Тунис со гол во 95-та минута обезбеди место на СП (Видео)

Фудбалската репрезентација на Тунис се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година.

По Светското првенство во Русија во 2018 година и Катар во 2022 година, Тунижаните направија хет-трик учества меѓу најдобрите на планетата, а севкупно тоа ќе им биде седмо СП на кое играле.

Тунис денес го обезбеди својот билет за Мундијалот со победа на гости од 1-0 над Екваторијална Гвинеја.

Голот што му донесе пласман на Тунис на Светското првенство го постигна Мохамед Али Бен Ромдан, фудбалер на најголемиот африкански клуб Ал-Ахли од Египет. Погодокот погледнете го ТУКА

Освен Тунис, од африканските земји пласман на СП има обезбедено и Мароко кој ја потврди доминацијата во групата, денеска ја совлада Замбија со 2-0 и има максимални 21 бод од седум меча.

- Оглас -

Најнови вести