Тур Д’Франс има старо-нов шампион кој заработи 500.000 евра!

Данскиот велосипедист Јонас Вингегор е победник на најпознатата трка во светот, Тур Д’Франс. Ова е 110-то издание на Трката околу Франција, а Вингегор го повтори успехот од минатата година, кога прв пат стигна до тронот на оваа трка.

„Ова беше неверојатна година. Беше неверојатна турнеја и многу сум горд. Ќе славиме со добра вечера. Ќе биде убава ноќ за нас. Честитки и за моите ривали кои беа неверојатни“, рече победникот Вингегор.

Данскиот велосипедист до победата стигна до фантастично возење во последната недела од натпеварувањето, кое траеше 20 дена. Најголем ривал на Вингегор беше словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар, кој беше рамноправен ривал, се до хронометарот.

Тогаш Вингегор имаше подобро време од главниот ривал за 1:38 минути, а потоа во средата, на најтешката етапа, Данецот имаше подобро време за дури шест минути пред Погачар и беше јасно кој ќе биде победник на крајот.

Вкупниот награден фонд оваа година на Тур Д’Франс изнесуваше 2,5 милиони евра, а победникот доби дури 20 отсто од овој „колач“. Тоа значи дека победникот Вингегор си заработи 500.000 евра.

- Оглас -

Најнови вести