Актуелниот шампион на Италија, Интер, забележа убедлива победа на домашен терен против Торино од 3-1 и тоа пред се поради одличниот Маркус Турам, кој постигна хет-трик.
За „сино-црните“ ова е втора првенствена победа по ред после поразот од градскиот ривал, Милан, и полека но сигурно се искачуваат кон врвот на табелата во Серија А.
Работата на Интер во голема мера им ја олесни Гиљермо Марипан кој во 20-тата минута доби директен црвен картон, а потоа следеше шоуто на Турам. Франзуцинот го отвори резултатот во 25-тата минута, а само десет минути подоцна веќе беше 2-0 за Интер.
Дуван Запата во 36-тата минута намали на 2-1, а третиот гол Турам го постигна во 60-тата минута, а потоа беше и заменет, се со цел сосема заслужено да добие овации од публиката на „Џузепе Меаца“.
Во финишот Торино успеа да намали на 3-2 преку Никола Влашиќ од пенал, па Интер лесно можеше да направи „од готово – вересија“, но на крајот сепак, бодовите останаа во Милано.