Душан Влаховиќ со два гола го отвори патот на Јувентус до победа на гостувањето кај Лече во дуел од Серија А. После вечерашната победа од 3-0, Јуве е прв на табелата, со еден бод плус во однос на Интер кој има и еден натпревар помалку.
Србинот стана првиот играч на Јуве после Пауло Дибала кој пред 24-ти роденден во две сезони по ред имал двоцифрен број на голови. Влаховиќ во последните три кола даде пет гола.
Ова е голот на Влаховиќ со кој се најави победата на Старата дама од Торино на „Виа дел маре“:
https://twitter.com/i/status/1749178013290279165