29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Турчинот Атаман од следната сезона ќе биде тренер на грчки тим

Актуелниот тренер на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, од следната сезона ќе седи на клупата на Панатинаикос, објавија поголем дел од грчките медиуми.

Според медиумите, Атаман ќе потпише двегодишен договор со грчкиот тим и ќе добие голем буџет за купување на играчи за да состави тим во свој вкус со кој ќе ја нападне титулата во Евролигата и да ја прекине доминацијата на Олимпијакос во грчкото првенство.

Панатинаикос имаше очајна сезона во Евролигата, завршувајќи на претпоследното место со само 11 победи. Цехот на слабите резултати го плати Дејан Радоњиќ, кој во февруари доби отказ, а исто го чека и негоиот наследник Христос Серелис.

https://twitter.com/chrisalucard/status/1649504879671427072?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести