Турчинот ги одби милионите од Саудијците и останува во Интер да се бори за титулата во Серија А

Турскиот репрезентативец и член на Интер, Хакан Чалханоглу, ја одбил богата понуда од саудискиот Ал-Хилал да направи трансфер во зимскиот преоден рок.

Весникот „Газета дело спорт“ пишува дека Ал-Хилал му понудил 18 милиони евра по сезона на Чалханоглу, но турскиот репрезентативец без размислување ја одбил понудата и одлучил да остане во Интер и да се бори за титулата во Серија А.
Наводно, понудата ќе важи и за летниот преоден рок.

Чалханоглу сезонава е еден од најдобрите играчи на Интер со седум гола и три асистенции на 17 натпревари во Серија А. Тој изминатото лето потпиша нов договор со Интер до 2027 години.

- Оглас -

Најнови вести