Турчинот нема да остане во Реал: Соиграч од репрезентацијата го откри следниот клуб на Арда Ѓулер

Турскиот репрезентативец, Арда Ѓулер, во Реал Мадрид пристигна како еден од најталентираните фудбалери во Европа, но добива минимална минутажа од Карло Анчелоти. Турчинот не е задоволен од шансата која ја добива и веќе побарал трансфер од раководството на „кралевите“, а неговиот соиграч од репрезентацијата, Хакан Чалханоглу, за турските медиуми ја навести неговата следна клупска средина.

„Арда е многу значаен фудбалер и брат кој го сакам. Сите тоа го знаат. Секако, сакам да дојде кај нас во Интер и да игра со мене. Освен тоа, сите сакаат квалитетен фудбалер. Слушнав нешто, но не можам да бидам сигурен. Никогаш не можете да бидете сигурно дали работите кои ги слушате се лажни или вистински. Не сакам премногу да се мешам во ситуацијата, ниту ги знам плановите на Реал Мадрид и самиот фудбалер, но секако би бил сериозно засилување за Интер и би сакал да играме заедно. Се надевам дека тоа наскоро ќе се случи.“ – рече Чалханоглу.

- Оглас -

Најнови вести