Тотенхем синоќа во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите беше поразен од Атлетико Мадрид со 5:2, а една од главните теми по натпреварот во Мадрид беше потегот на тренерот Игор Тудор во 17-тата минута, кога го замени голманот.
Откако Атлетико поведе со 3:0, само по 15 минути игра со головите на Маркос Љоренте, Антоан Гризман и Хулијан Алварез, Тудор веќе во 17-тата минута реши да го извади голманот Антонин Кински и во игра да го внесе Гуљелмо Викарио.
Кински беше директен виновник за два од трите примени гола, а Тудор по натпреварот објасни дека замената не била направена за да го казни, туку за да го заштити.
„Знам дека вакво нешто се гледа исклучително ретко, а јас никогаш не сум го направил во моите 15 години тренерска кариера. Тоа го направив за да ги заштитам Кински и екипата“, изјави Тудор.

