-0.2 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Турнир на ФИФА20 ги собра ѕвездите на европскиот фудбал и шоуто започна

Фудбалските возбудувања продолжуваат, но на видеоигрите. Играчи на повеќе европски клубови решија да земат учество во онлајн турнирот. Турнирот кој е на елиминации ги вклучи ѕвездите како што се: Трент-Александер Арнолд од Ливерпул, Сесар Аспиликуета од Челзи, Фил Фоден од Манчестер сити и Винисиус од Реал Мадрид, а ќе има и фудбалери од Тотенхем, ПСЖ, Рома, Ајакс, Борусија Дортмунд…

Мечевите ќе може да се следат на youtube каналот на  Sky Sports Football. Паричните средства кои ќе се соберат од овој турнир ќе бидат донирани во борбата против корона-вирусот.

- Оглас -

Најнови вести