Осум екипи распоредени во две групи ќе учествуваат на новото издание на силниот Меѓународен меморијален турнир „Крсте Андоновски“ што ќе се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид од 19-ти до 23-ти август.
Промотор на турнирот оваа година е легендарниот тренер Лино Червар кој вечерва заедно со учесниците: Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, српските Динамо Панчево, Партизан, Киндил (најдобар тим од Фарски острови), хрватски Нексе, словенечки Тимо Требње и домаќинот Охрид, одржаа прес конференција на која беше истакнато дека овој турнир прераснува во еден од најдобрите во регионот.
Вардар и Динамо Панчево утре од 16.30 часот ќе го одиграат првиот натпревар од Б групата на турнирот. Во истата група се и Е. Пелистер и Тримо Требње.