Тудор откри која е причината за поразот на Јувентус кај Парма

Јувентус многу ретко губи сезонава, но еден таков неочекуван пораз на италијанскиот гигант му се случи на гостувањето кај Парма. Фаворизираниот гостин загуби со 1:0, што е само четврти пораз сезонава во Серија А, колку што имаат и лидерите Интер и Наполи. Сепак, Јуветус е далеку од водечкиот двоец поради фактот дека има шест нерешени меча повеќе.

За Парма ова беше многу важна победа во трката за опстанок. Млекарите сега имаат 31 бод, шест повеќе од зоната за испаѓање. Јувентус остана на 59 бода и е на петтото место, колку што има и шестопласираниот Лацио. Голема ќе биде битката за местата коишто водат во Лигата на шампионите за следната сезона.

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, по дуелот со Парма, откри зошто неговиот тим загубил.

„Ни недостасуваше од сè по малку. Многу напаѓавме во второто полувреме, но малку бевме опасни. Дозволивме да примиме гол со центаршут од 40 метри. Разочарани сме, но гледаме напред. Остануваат уште пет меча да се играат, што значи дека многу бодови се во игра. Треба добро да се подготвиме затоа што повторно играме само за четири дена“, рече Тудор по поразот кај Парма.

Следниот меч Јувентус ќе го игра на свој терен против аутсајдерот Монца.

- Оглас -

Најнови вести