Само по 103 секунди игра на дуелот на Реал Мадрид и Манчестер сити беше покажан пенал за домашните, но по прегледувањето на снимката, судијата Клеман Турпан беше информиран од колегите во ВАР-собата дека фаулот на Матеус Нунес над Винисиус бил надвор од 15-никот и дека нема пенал, туку само слободен удар.
Досега се немаше случено во ЛШ (откако се користи ВАР технологија) во толку рана фаза од меч да биде поништен пенал и одлуката да биде преиначена.
И во Леверкузен, каде што играат Баер и Њукасл, судијата досуди пенал за домашните, но одлуката беше сменета.

