Турската влада е алергична на навреди упатени кон Ердоган, навивачи на Фенербахче добија забрана да се појават на стадион

Група навивачи на Фенербахче кои на дуелот против Коњаспор што се играше изминатиот викенд скандираа против турската влада и претседателот Реџеп Таип Ердоган и бараа оставки од нив, се идентификувани ѝ им е забранет влез на стадионите во земјата.

„На навивачите на Фенербахче за кои е утврдено дека скандираат ‘Оставка на владата’ за време на натпреварот помеѓу Фенербахче и Коњаспор, според членот 6222 од Законот за спречување насилство и нерегуларности во спортот, им е изречена забрана за присуство на стадионите во земјата на неодредено време“, објавија турските медиуми.

Навивачите на Фенербахче за време на дуелот против Коњаспор извикуваа „лага, лага, лага, 20 години сè е лага.

Тие беа гневни поради земјотресот што минатиот месец ја погоди источна Турција и во кој загинаа повеќе од 45.000 лица. Голем број од жртвите беа затрупани под урнатините на неквалитетно изградените станвени објекти.

- Оглас -

Најнови вести