Турски фудбалер му „продаде“ финта на судијата, па веднаш следуваше „одмазда“ (Видео)

Турскиот фудбал повторно е во центарот на вниманието на фудбалската јавност, односно судиите од оваа земја. Бизарен настан се случи на мечот помеѓу Генчлербирлиги и Сакарјаспор, кој им припадна на домашните со 3-1.

Само што беше означен крајот на мечот, фудбалерот на гостите Мурат Џем Акпинар пријде да се поздрави со судијата Јасин Авчи, му пружи рака, но потоа ја повлече во знак на протест за лошата арбитража.

Судијата веднаш му се „одмазди“, му покажа жолт картон, а бидејќи Акпинар веќе имаше еден, тоа значеше и црвен карнот за фудбалерот на Сакарјаспор.

- Оглас -

Најнови вести