Турски навивач како најдобрите голмани: Направи парада, за да го добие дресот од капитенот (Видео)

Фудбалската репрезентација на Турција со победа стартуваше на Европското првенство откако со 3:1 славеше над Грузија и сега е на чекор од пласман во нокаут фазата. По завршување на дуелот, капитенот на турската репрезентација, Хакан Чалханоглу пријде до трибината каде беа навивачите и реши да му го даде дресот на еден од фановите.

Чалханоглу го фрли дресот кон еден навивач, но неочекувано од друга страна се појави друг фан, кој буквално направи парада, фрлајќи се и „уловувајќи“ го дресот од капитенот на турската репрезентација.

Turkish fan throws himself to get Çalhanoğlu’s jersey
byu/aleksandrovsqvist insoccer

- Оглас -

Најнови вести