14.8 C
Skopje
четврток, 20 ноември 2025

Турски репрезентативец е тужен затоа што славел гол со гест во стилот на Хари Потер

Продуцентската куќа „Ворнер Брос Дискавери“ поднесе тужба против фудбалерот на Фенербахче и турски репрезентативец, Керем Актуркоглу, поради прослава на гол што наликува на гест на филмскиот лик Хари Потер, како да фрла магија со невидливо стапче.

Медиумскиот гигант верува дека гестот на Актуркоглу со држење стапче е поврзан со франшизата Хари Потер, што претставува кршење на правата за интелектуална сопственост на брендот. Визуелните елементи на играчот од универзумот на Хари Потер биле користени без дозвола. 

Адвокатите на Актуркоглу ќе тврдат дека гестот е генеричка референца за поп-културата и не е поврзан со продажба на комерцијален производ.

Доколку „Ворнер Брос“ ја добие тужбата, 27-годишникот ќе мора да ја промени прославата на голот.

- Оглас -

Најнови вести