Денешните попладневни натпревари во Бундеслигата донесоа ефикасен фудбал, на сите пет дуели имаше барем три гола, сите десет екипи постигнаа гол, а вниманието го привлече Џан Узун од Ајнтрахт.
Овој 19-годишен Турчин роден во Германија, во победата на Ајнтрахт над Вердер од 4-1 имаше гол и две асистенции. Голот на Узун кој веќе има неколку настапи за А селекцијата на Турција, беше прекрасен и погледнете го ТУКА.
Мало изненадување претставува поразот на Баер Леверкузен дома од 1-2 против Хофенхајм. Официјално лигашко деби на клупата на Леверкузен имаше Ерик Тен Хаг, но поранешниот тренер на Манчестер јунајтед не се прослави.