Актуелниот турски првак Галатасарај во последните часови од преодниот рок успеа да реализира уште еден голем трансфер. Во Истанбул пристигна германскиот интернационалец Илкај Гундоган.
Гундоган во Галатасарај доаѓа од тимот на Манчестер сити. Ќе потпише договор до 2027 година.
За турскиот гигант ова е трето големо засилување, откако пред Гундоган, во клубот пристигнаа Вилфред Синго и Лерој Сане.