6044 Галатасарај – Молде (21 ч.)
Турскиот тим победи со 3:2 на првиот меч во Норвешка и сега пред своите навивачи треба да го потврди пласманот во групната фаза од Лигата на шампионите. За Молде е успех и тоа што ќе игра во групна фаза, а тоа треба да биде во Лигата на Европа. Едноставно, норвешкиот тим нема квалитет да се спротивстави, но фактот дека гостите нема што да загубат, е најава за отворен дуел со повеќе погодоци.
Предлог тип: 1&3+ (2.30)
6725 Панатинаикос – Брага (21 ч.)
Меч на кој може да бидат потребни повеќе од 90 минути за да го даде патникот во групите од ЛШ. Брага победи со 2:1 на свој терен, но Грците сигурно ќе нападнат на свој терен во обид да ја анулираат негативата од еден гол.
ПАО на пет од последните шест средби има барем три погодоци, а и Брага е тим кој асоцира на голови затоа што беше 3+ на нивните последни пет одиграни дуели.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)
1102 Фулам – Тотенхем (20:45 ч.)
Ждрепката во првото коло од Лига купот на Англија беше немилосрдна за двата лондонски клуба. Фулам или Тотенхем ќе бидат елиминирани уште на стартот од ова натпреварување.
Фулам ја почна сезоната со победа на гости кај Евертон (1:0) и реми на теренот на Арсенал (2:2), но и загуби дома од Брентфорд. Тотенхем е расположен за голови, па ако се погледнат последните осум резултати на овој тим, ќе се забележи дека секогаш постигнувал барем по два погодока.
Ако се погледне традицијата, Тотенхем има осум победи и само едно реми во последните девет меча со Фулам.
Предлог тип: Х2&2-4 (1.87)
3011 Асколи – Фералписало (20:30 ч.)
Ова е дуел од третото коло во Серија Б, и тоа на двете најслаби екипи, Двете екипи имаат гол-разлика од четири примени и ниту еден даден гол, што значи дека ова е можност конечно да се израдуваат на погодок.
Фералписало е тим кој минатата сезона играше во Серија Ц, додека Асколи е стандарден второлигаш. Домашниот терен треба да биде адут за Асколи, тимот во кој треба да потпише и македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.
Предлог тип: 1 (2.22)
1103 Транмере – Лестер (20:45 ч.)
Меч од првото коло во Лига купот на кој четвртолигашот Транмере речиси и нема шанси да го изненади Лестер. Транмере во Лига два има четири порази во пет меча, додека Лестер игра одлично во Чемпионшип и со перфектни четири победи е лидер на табелата, што значи дека е кандидат за експресно враќање во Премиер лигата.
Овие две екипи последен пат имаат играно во 2009 година, кога двата тима биле дел од третата лига во Англија.
Предлог тип: 2 (1.44)