14.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Турскиот првак со амбициозни понуди за двајца играчи од Ла Лига

Бешикташ има амбиции да ја задржи титулата во Турција, односно да ја одбрани во новата сезона, но и во Лигата на шампионите да биде конкурентен.

Црните орли од Истанбул се пуштија во напад по потписи на двајца играчи од шпанското првенство. Диего Коста веќе неколку месеци е слободен играч откако го раскина договорот со шампионот Атлетико Мадрид, па на негова адреса стигна понуда од две годишен договор со плата од 1,5 милиони евра, плус одредени бонуси според придонес.

Со искусниот бразилски напаѓач кој има шпански пасош, на стадионот „Водафон“ треба да пристигне и Самуел Умтити, дефанзивецот на Барселона. За него е подготвена едногодишна позајмица, но прашање е дали Французинот би прифатил бидејќи во неколку наврати посочи дека не сака да си замине од „Камп ноу“, иако управата бара начин како да се ослободи од повремениот репрезентативец на Триколорите кој се мачи со повреди.

 

- Оглас -

Најнови вести