Турскиот тинејџер на првиот тренинг на Реал Мадрид покажа потези со кои ги воодушеви сите (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид од пред неколку денови започнаа со летната подготовка пред почетокот на новата сезона. На тренинзите се приклучи и Арда Ѓулер, турскиот талент кој пред неколку дена го официјализираше договорот со Кралскиот клуб.

Ѓулер кој го има прекарот „турски Меси“ уште на првиот тренинг го покажа својот талент. Со серија луцидни потези ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид.

„Замисли, имаш 18 години, доаѓаш на прв тренинг на Реал Мадрид и го правиш ОВА.“, „Каков гениј“, „Фасциниран сум, треба веднаш да му се даде шанса“, беа само дел од коментарите на фановите на Реал Мадрид, кога го видоа продорот на Ѓулер.

https://twitter.com/i/status/1679108539887890432

- Оглас -

Најнови вести