Најдобриот играч во македонското првенство во првиот дел од сезоната, Роџерс Мато е на листата на желби кај повеќе европски клубови. Еден од оние кои сериозно тргнува во голгетерот на Вардар е турскиот Трабзонспор.
Според турските медиуми, Трабзонспор е подготвен да започне преговори за откупување на договорот на Мато од Вардар.
Покрај добрите игри во црвено-црниот дрес, Мато немаше одмор и по завршување на есенскиот дел на клупски план, се префрли на репрезентативни обврски. Со неговата селекција Уганда беше дел од Африканскиот куп на нации, каде испаднаа во групната фаза, но Мато успеа да постигне еден гол на континенталниот собир.
Од Вардар неодамна потенцираа дека откупната клаузула за Мато изнесува 1,5 милиони евра.

