Селекциите на Турција и Ерменија вчера одиграа 1:1 во рамки на квалификациите за ЕП 2024, а гостинските фудбалери имаа непријатен дочек на стадионот во Ескишехир.
https://twitter.com/ArmenophobiaOrg/status/1700344825386533167?s=20
Имено, вековното непријателство меѓу овие две земји доведе до тоа да не се слушне химната на Ерменија поради турските навивачите. Кога на стадионот „Јени Ескишехир“ започна интонирањето на химната, повеќе од 30.000 турски навивачи почнаа почнаа да го исвиркуваат интонирањето.
Armenian National Football Team singing their national anthem during the away game against Turkey.pic.twitter.com/I5a2lXxWfO
— Visegrád 24 (@visegrad24) September 8, 2023
Непријателството меѓу Турција и Ерменија датира од 1915 година кога Отоманската империја за време на Првата светска војна извршни етничко чистење, протерување и масовно убиство на ерменскиот народ. Според различни проценки, биле убиени меѓу 600.000 и 1,8 милион Ерменци. Турција ги негира обвинувањата.