Пет атрактивни натпревари од кои четири се фудбалски, а еден е кошаркарски се дел од денешната понуда во Квотите на денот. Ако сите овие пет комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 45,78.
Во Турција се игра големото истанбулско дерби меѓу Фенербахче и Бешикташ, и тоа во Купот, а опцијата е да се одигра дека ќе има победник во меч на којшто ќе бидат постигнати меѓу два и четири погодоци. Оваа комбинација се вреднува со коефициент од 2,20.
Во кошаркарската Евролига, Париз е домаќин на Црвена ѕвезда и тука гостите од Белград да водат на полувреме носи квота од 1,85.
Во Лига купот на Англија, Арсенал е домаќин на Кристал палас, а опцијата Топчиите да постигнат барем еден гол во првото полувреме, а на крајот да има 2+ погодоци во мрежата на гостите се вреднува со квота од 2.25.
Тунис и Уганда да одиграат натпревар со малку голови, односно да нема повеќе од еден гол во двете полувремиња носи квота точно два.
Спортинг Лисабон гостува кај Гимараиш, а понудата гостите да победат во дуел на кој ќе бидат постигнати повеќе голови во второто полувреме е со квота од 2.50.


