Турското дерби е за домаќинот, традицијата вели дека „се знае“ и еден точен резултат

1361 Хетафе – Селта Виго (21 ч.)

Хетафе е најголемото разочарување во Примера сезонава. Тимот од мадридското предградие во девет меча освои само два бода и е на дното на табелата. Хетафе е познат како тим кој тешко прима и дава голови, но сезонава има очаен напад само со три погодоци.

Селта е противник кој исто така е со слаб напад (седум гола во девет меча), а ако се види и традицијата на меѓусебните дуели дека седумпати во последните девет средби било со 0-2 погодоци, тука не треба да има многу фудбалска убавина.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.68)

 

2853 Бешикташ – Галатасарај (19 ч.)

Големото дерби на Истанбул е во фокусот на денешните мечеви во Европа. Двата тима неубедливо стартуваа во сезоната и имаат ист биланс од по 5 победи и по две нерешени и два порази, па имаат 17 бодови, дури седум помалку од лидерот Трабзонспор.

Традицијата на меѓусебните дуели вели дека домашниот терен е голема предност, затоа во последните осум нивни средби, седумпати победувал домаќинот, а само еднаш било нерешено.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.13)

 

1830 Дуисбург – Кајзерслаутерн (19 ч.)

Некогашните бундеслигаши сега се дел од третата лига во Германија. Дуисбург е единствениот тим во лигата што по 12 кола, нема ниту едно реми.

Кајзерслаутерн ја има најдобрата одбрана во лигата и е единствениот тим со едноцифрен број примени гола (осум). Двата меча коишто ги одиграа лани, завршија нерешено, и тоа идентично 2:2, па вреди да се одигра на „икс“, но може да се бркаат и погодоци затоа што сите четири претхондни дуели се со ГГ4+ (два пати било 2:2 и по еднаш 3:1 и 1:3).

Предлог тип: ГГ3+ (1.89)

 

3208 Локомотив Москва – Сочи (18 ч.)

Ова е дуел на екипата која има најмногу нерешени во првенството (Локомотив М. има 6 реми) и тимот кој досега ниеднаш не одиграл икс (Сочи).

За Сочи ова е трета сезона во елитата и досега има пет меча со Локомотив, од кои последните три се со голови и завршувале ГГ3+ (3:1, 1:3, 2:1). Се работи за два тима кои по квалитетот се на исто рамниште, па затоа може и да се брка дека Сочи конечно ќе ремизира, а Локомотив ќе продолжи во стилот по кој е познат сезонава.

Предлог тип: Х (3.20)

 

2806 Алборг – Виборг (19 ч.)

Меч на кој може да очекуваме погодоци на двете страни, што го покажува и традицијата дека шест од последните седум меѓусебни дуели биле гол-гол, а дури три пати било и ГГ3+. Виборг во последните седум меча од првенството кризира и нема победа, а интересно е дека пет од последните шест средби ги игра со ист резултат, а тоа е 1:1.

Гол-гол е вистинската игра за овој меч, а за оние кои сакаат ризични игри, добро е да се одигра на точен резултат 1:1, како и што завршиле два од последните пет нивни меча.

Предлог тип: 1:1 точен резултат (7.00)

 

- Оглас -

Најнови вести