Турција доби сериозен конкурент во трката за организација на Евро 2028

Обединетото Кралство и Ирска денеска и официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на Европското првенство 2028 година.

Натпреварите од ЕВРО 2028 би се играле на 14 стадиони, од кои девет се во Англија, два во Република Ирска и по еден во Северна Ирска, Велс и Шкотска, а во наредните шест месеци овој список мора да се скрати на 10 стадиони.

Интересно е што на списокот на стадиони во Англија каде што би се играле натпреварите ги нема едни од најголемите и најпознатите, како „Енфилд“, „Стемфорд бриџ“, и „Емирати“, додека на списокот е „Гудисон парк“, иако Евертон најави дека ќе го сруши овој стадион и на негово место ќе започне да гради нов.

Обединетото Кралство беше дел од последното Европско првенство што се одржа минатото лето, на стадионот „Вембли“ во Лондон се играше завршницата, полуфиналните средби и финалето, додека на „Хемпден парк“ во Глазгов се играа натпревари од групната фаза.

Досега кандидатура за организација на ЕВРО 2028 поднесе само Турција, а одлуката кој ќе биде домаќин, УЕФА ќе ја донесе идната година.

- Оглас -

Најнови вести