Возбудувањата на Европското кошаркарско првенство продолжуваат денеска, и тоа со два меча од четвртфиналето. Непоразената Турција ја има фаворитската улога против Полска, која буквално „на мускули“ стигна до оваа фаза од натпреварувањето.
Во последните три години овие две селекции одиграле четирипати, во кои Турија има три победи, а Полска се радувала еднаш, и тоа минимално само со еден поен разлика.
Со досегашните игри, Турците покажаа дека се едни од главните фаворити за медал, но не треба да се заборави дека во осминафиналето веќе имаше неколку големи изненадувања, па затоа никогаш предвреме не треба да се прогласи победникот.
Во вториот меч денеска, Литванија во Рига ќе игра со Грција. Литванците се очекува да имаат многу поголема поддршка од трибините, но Грција својот адут го има на теренот, а тоа е Јанис Адетокумбо. Токму центарот кој може да направи разлика е причината зошто Грција е во улога на фаворит на овој дуел.
Во денешната понуда на Sport Life стандардно тука е играта за „плус-минус“ поени на кошаркарите. Над 20-мина играчи има на кои може да погаѓате дали ќе ја надминат зададената граница за бројот на поени или не.
На Адетокумбо „границата“ е поставена дури на 31,5 поени, а расположен за кошеви треба да биде и Турчинот Шенгун, кој е на граница од 23,5 поени. За Џордан Лојд од Полска границата е на 21,5 поени, а Валанчиунас се очекува да биде предводник на Литванија и неговата граница е на 15,5 поени.