Турција го постигна еден од најбизарните автоголови во историјата на ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Португалија води со 2:0 против Турција во меч кој требаше да биде дерби на денот. Сепак, Португалците покажаа одлична игра во првите 30 минути, па заслужено водат со 2:0.

Бернардо Силва го отвори резултатот и донесе радост за Португалија, откако биеше прецизно во 21 минута. Португалија победила на сите 11 претходни меча на кои Бернардо постигнува гол, па ако не се случи некое чудо во вториот дел, оваа убава традиција за него ќе продолжи.

Тоа што се случи во 28 минута ќе се памти долго. Португалија тргна во контра-напад, но топката наместо да дојде до Роналдо, беше упатена на спротивната страна. Во близина немаше ниту еден играч на Португалија, а дури четворица турски репрезентативци, плус голманот, но сепак топката заврши во мрежата.

Самет Акајдин дојде до топката, но без да гледа каде е голманот Бајиндир, ја врати кон голот, каде немаше никој. Залудна беше потоа реакцијата да се стигне топката, која ја помина гол-линијата и Португалија поведе со 2:0 и тоа со еден од најбизарните автоголови во историјата на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести