На синоќешниот натпревар меѓу Турција и Чешка е поставен нов рекорд по бројот на покажани картони на Европско првенство. Натпреварот од последното коло во групата „Ф“ заврши со победа на Турција од 2-1, а судијата Иштван Ковач покажа вкупно 18 картони – 16 жолти и 2 црвени.
Двајцата исклучени играчи беа од Чешка, Антонин Барак во средината на првото полувреме и Томаш Хори по последниот судиски сигнал, кога дојде до тензија меѓу фудбалерите на двете селекции.
Девет од жолтите картони беа покажани по 80. минута од натпреварот кога се разгореа страстите.
Конечниот резултат ја пласираше Турција во осминафиналето, додека Чешка е елиминирана од Европското првенство.