28.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Турција и Полска сигурно победуваат, има интересен и клупски фудбал

6739 Норвешка – Шпанија (20:45 ч.)

Ова е дерби на денот. Норвешка има четири победи по ред, додека Шпанија е во низа од пет триумфи. За да остане на посакуваното второ место на гостите доволно им е да не загубат.

Интересна е статистиката кога играат овие селекции, а тоа е дека последните пет дуели завршиле со 2-3 погодоци. И двете екипи негуваат отворен, офанзивен фудбал па сигурно и сега треба да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

6740 Полска – Молдавија (20:45 ч.)

Полска никако не смее да си дозволи луксуз и да не победи на овој меч. Полјаците се во трка за второто место во групата кое води на ЕП, но Молдавија која пред четири месеци дома го победи фаворизираниот ривал, истотака има свои калкулации.

Одбраната е слабата страна на Полска, но сега мора бидат перфектни. Молдавија по овој меч треба да биде надвор од комбинација за ЕП2024.

Предлог тип: 1&0-3 (1.84)

 

6742 Турција – Летонија (20:45 ч.)

Турција пред три дена ја изненади Хрватска и ја победи на гости со 1:0 па се искачи на чело на табелата. Летонија е отпишана и последна на табелата, а разликата во класи треба да биде потврдена на теренот.

Турција со победа и теоретски ќе обезбеди место на Европското првенство, па ова едноставно треба да биде вечер за славење во Коња.

Предлог тип: T1 2+пол. (2.45)

 

1320 Еибар – Хуеска (18:30 ч.)

Еибар е единствениот тим без нерешен резултат сезонава во втората шпанска лига по 10 одиграни кола. Од друга страна, Хуеска има четири нерешени во првите 10 кола и само една победа, па затоа е претпоследна на табелата.

Со само шест дадени гола Хуеска го има најслабиот напад, а Еибар со 15 погодоци е со третиот најдобар напад во лигата. Пет победи по ред има Еибар и домаќините сигурно ќе сакаат оваа низа да продолжи.

Предлог тип: 1&2-4 (2.24)

 

4916 Атенас – Такуарембо (21 ч.)

Во втората лига на Уругвај најчесто се игра со многу визбудувања и погодоци. Такуарембо има феноменална гол разлика од 31 дадени и 39 примени гола во 22 кола, што е просек над три гола по натпревар.

Сигурно и сега ќе биде отворен натпревар со погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

- Оглас -

Најнови вести