Турција има нова спортска хероина, тенисерка испишува историја на Вимблдон

Зејнеп Сонмез, 88-мата на ВТА листата на најдобри светски тенисерки, се пласираше во третото коло на Вимблдон и тоа е најголем успех за турскиот тенис во таканаречената отворена ера (од 1968 година наваму).

Во меч од второто коло, Сонмез денеска со 2-0 во сетови ја победи Ванг (32-ра на ВТА) од Кина. Така стана прва Турчинка која стигнала до третата рунда во Лондон.

Во историјата на турскиот тенис, претходно единствен кој стигнал до третото коло на грендслем бил Бахтије Муслуоглу на „Ролан Гарос“ во далечната 1950 година.

Сонмез во третото коло ќе се соочи со 17-тата тенисерка во светот, Русинката Екатерина Александрова, и ќе има прилика да продолжи да пишува историја и да стане првата од Турција без разлика дали маж или жена, која дошла и до четврто коло на некој од гренслемите.

- Оглас -

Најнови вести