Турција испадна во Лига Ц, можеби ќе се игра со Македонија

Репрезентацијата на Турција загуби во Коња од Шведска со 0:1, и ги загуби шансите за опстанок во Лига Б, па од наредниот циклус во Лигата на нации, ќе биде дел од третата квалитативна група, Лига Ц, во која би требало да се најде и Македонија, ако биде најдобра во својата група од Лига Д.

Турците на 10 септември славеа во Шведска со 3:2, но вечерва не успеаја да постигнат гол, а примија еден од пенал, па го загубија статусот на член во Лига Ц. За Шведска, заврши низата од пет средби по ред без победа, а и Турците потврдија дека се во лоша форма, добија само еден од последните седум меча.

Атмосферата на стадионот беше убава, на сите 42.000 седишта имаше по едно турско знаме, но 12-тиот играч како што ги нарекуваат навивачите, не успеа да им даде ветер го грб на фудбалерите во црвени дресови. Шведска може да напредува во Лига А, доколку во последното коло ја победи Русија со два гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести