Владата во Турција одреди целосен карантин почнувајќи од четврток до 19 мај, па УЕФА почна да бара алтернативно решение околу домаќинството за финалето во Лигата на шампионите.
Истанбул е под закана повторно да остане без домаќинство, откако го загуби во ланската сезона поради пандемијата со корона-вирусот, па се одржа турнир во Лисабон. Сега Ковид-19 повторно прави проблеми откако се зголемија бројките на заразени во Турција, па се поставува прашањето дали до 29 мај ситуацијата ќе се подобри.
Една од алтернативите е „Вембли“, што би било во полза на Манчестер сити и Челзи како потенцијални финалисти, но УЕФА прво ќе чека да се реши ситуацијата во Турција пред да донесе конечна одлука.
Финалето е предвидено за 29 мај, а УЕФА веднаш побара одговор од Истанбул каква е ситуацијата и какви ќе бидат условите за одржување на финалето на Олимпискиот стадион, на којшто се очекува да присуствуваат до 9.000 гледачи, од кои по 4.000 треба да бидат навивачи на финалистите.