Турција опасно виси за ЕП 2021

Некогашниот европски првак Турција опасно виси за настап на Европското првенство во 2021 година и со два порази е на последното место во својата квалификациска група.

Турците вечерва загубија од Шведска на гостински терен со 87:80 и само си ги зголемија маките по стартниот неуспех и пораз и од Холандија на домашен терен.

Вечерва и Лалињата загубија од Хрватска со 59:69, па Коцкестите се лидери во групата Д со четири бода, пред Холандија и Шведска со по два бода. Турција е последна без бодови.

Првопласираните три екипи од секоја група ќе играат на ЕП 2021 година.

Резултати: Бугарија – Летонија 110:104 по продолженија, Израел – Романија 87:63, Данска – Белгија 72:88, Литванија – Чешка 97:89, Франција – Црна Гора 85:66, Холандија – Хрватска 59:69, Шведска – Турција 87:80, БиХ – Грција 65:70, Велика Британија – Германија 81:73.

- Оглас -

Најнови вести