25.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Турција продолжува да „гази“, на доминантен начин се пласира во полуфиналето

Репрезентацијата на Турција е прв полуфиналист на Европското првенство во кошарка откако без поголеми проблеми ја победи Полска со 91:77. Турција на овој турнир има седум победи во седум меча, потврдувајќи зошто е еден од главните фаворити за тронот.

Полска само во првата четвртина успеа да му парира на фаворитот, кога беше 19:19 по првите 10 минути. Турција започна фуриозно во втората четвртина и за кратко време стигна до двоцифрена предност (36:26), а на полувремето замина со водство од 46:32.

Предноста растеше во третата четвртина и во еден момент достигна 22 разлика (65:43), па јасно беше кој ќе победи. Алперен Шенѓун заврши со трипл-дабл од 19 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Турција во полуфиналето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Литванија и Грција, кој се игра вечерва. Утре ќе се играат останатите две четвртфинали пресметки меѓу Финска – Грузија и Германија – Словенија.

- Оглас -

Најнови вести