Репрезентациите на Србија и Турција се перфектни по првите четири кола на Европското првенство, а нивниот вечерашен меѓусебен дуел треба да одлучи која селекција ќе биде прва во групата.
Србите се големи фаворити за златото на ЕП, но по повредата на Богдан Богдановиќ, шансата им се насмевнува на ривалите. Турците играат одлично во досегашниот дел од турнирот, но кога се работи за дуелите со Србија, тука не им се пишува добро.
Традицијата вели дека Србија има осум победи по ред во дуелите со Турција. Турците последен пат на победа над Србија се радувале во јуни 2013 година.
Над 50-мина кошаркари има во денешната понуда за „плус-минус“ поени, а солидна е и понудата за играчите за „плус-минус“ скокови и асистенции.